За нас

Почетоците на МЕПРИНГ СЕРВИСИ датираат уште од 1993 година.
МЕПРИНГ СЕРВИСИ е инженеринг компанија ориентирана кон обезбедување на комплетни интегрирани решенија, кои ги обединуваат во една целина:
системите за греење, ладење, климатизација
системите за автоматско управување,
енергетскиот дел за нив.
Проектирање и изведба на системи за греење, ладење и климатизација
Проектирање и изведба на BMS системи за автоматско управување (Building Management Systems)
Дистрибуција и продажба на опрема
Сервисирање и одржување на системи за греење, ладење, климатизација и BMS
Паметни куќи
Далечински надзор и управување
Енергетски мониторинг
Енергетска ефикасност
Консултантски услуги
Компанијата има воспоставено систем за управување со квалитет ISO9001 и систем за управување со околина ISO14001.
Исто така, поседува лиценци за изведба и проектирање на градби.
Постојано се вложува во обука и унапредување на вработените.
Мепринг сервиси располага со инженерски кадар од областа на машинство и електротехника, со овластувања за проектирање, изведба и надзор. Техничкиот кадар е обучен и сертифициран за ракување и сервисирање на ладилна опрема.

Референци

Системи за климатизација на резиденцијални, комерцијални и индустриски објекти
  • Штулов Универзитет (Универзитет на Југоисточна Европа).
  • Аеродром Александар Велики, Воено-техничка работилница
  • Мода, Свети Николе – текстилна индустрија
  • Албатрос, Штип – текстилна индустрија
  • Макпримат, Скопје – текстилна индустрија
  • Казабланка, Кавадарци – фабрика за производство на таан
  • Сеавус, објект Орка – систем за вентилација во океански канцеларии и сала за состаноци
  • Винарија Маркудов – Гевгелија
  • Урбан Инженеринг - Винарија Велес
  • Винарија Шато Камник
  • Егзакта дооел – Хотел Глам, Скопје
  • ТЕ-ТО Термоелектрана Топлана
  • Некстлевел Скопје – деловни простории
  • Населба Св.Јован, Злокуќани – климатизација на базен (одвлажнување)
  • Резиденцијален објект, нас. Водно – одвлажнување на затворен базен, систем за ладење/греење, комплет со автоматика
  • Станбено деловен објект „ДНК“ – системи за греење и ладење на сите станови и деловни простории
.
Системи за автоматско управување и далечински надзор
  • Народна Банка на Република Македонија – систем за автоматско управување и надзор на системот за климатизација
  • Општина Кисела Вода – далечинско управување и надзор на топлинска потстаница за заштеда на енергија
  • Поликлиника за очни болести “Cornea Medica”
  • Штулов Универзитет (Универзитет на Југоисточна Европа)
  • Резиденцијален објект, нас. Водно
  • Резиденцијален објект, нас. Козле
  • Викендица, Маврово – далечинско вклучување/исклучување на систем за греење преку мобилен телефон
  • Железара – систем за автоматско управување на топлинска потстаница
  • Винарија Шато Камник – автоматика за регулација на температурата на виното во ферментаторите
Системи за климатизација на компјутерски и телекомуникациски центри
  • Македонски Телеком АД Скопје – ладење на IPTV опрема во дата центар Скопје
  • Народна банка на Република Македонија – ладење на МИПС и систем сала
  • Министерство за одбрана
  • НЛБ Тутунска банка – ладење на уреди за непрекинато напојување
  • Неоком
  • Неотел
  • АД Електрани на Македонија
  • Министерство за образование и наука
  • Министерство за финансии

none Web Master & Support Service

I offer premium support and full take care for your website, if you don't have time to manage it.

  • none One hour per a day to check website
  • none Backup website & maintaining it
  • none Weekly report about website statics
  • none Maximum two new article per a week
  • none Sign The Contract Agreement

none WEB DESIGN & DEVELOPMENT

You're running a business but missing a website for them, it's time to let me build it with lowest cost.

  • none Free domain & hosting for the first year
  • none Full website design & development
  • none Maximum with up to 20 pages custom
  • none One year for support and maintaining
  • none 10 hours for working with website content

none ONLINE MARKETING (SEO & SEM)

Your website is not ranking good in Google, don't worry, just because you've not made SEO for them.

  • none Full website analytics and on-page optimization
  • none Free 10 keywords for website, depend on area
  • none Get full report about your website ranking
  • none Social Marketing with Facebook, Twitter, etc.
  • noneEmail marketing & Google Adword plan

Енергетска ефикасност

Светот веќе одамна го зафати “зелениот” бран, сé повеќе се инвестира во енергетски ефикасни системи, со кои се заштедува енергија, а истовремено се заштитува околината. Во Македонија во последно време се забележува подигнување на свеста за значењето на енергетски ефикасните системи, и нивната улога во заштитување на околината. Едноставна дефиниција за енергетска ефикасност би била онаа која упатува на користење на помалку енергија за да се овозможи иста услуга, без притоа да се намали комодитетот.

Според ЕУ Директивата за енергетски перформанси на згради (EPBD), за одредување на енергетската ефикасност на згради се земаат во предвид следните форми на термална и електрична енергија:

  • Греење
  • Санитарна топла вода
  • Ладење
  • Вентилација
  • Осветлување

Според истражување на Siemens, од вкупната потрошувачка на енергија во Европа, 41% отпаѓа на зградите. Од тие 41%, 85% се користи за греење и ладење на простории, а 15% за електрична енергија (осветлување). Генерално, зградите имаат потрошувачка на енергија од 35% за обезбедување на комфорни температури и 6% за електрична енергија, што претставува значителен дел.

Со користење на информациско-комуникациски технологии за автоматизација на термалните процеси во зградите, може да се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и намалување на оперативните трошоци. Според истражување во Германија, потрошувачката на енергија за загревање на згради достигнува 920 TWh (терават часови), од кои повеќе од половина (околу 60%) отпаѓа на нерезиденцијални згради. Се проценува (врз база на стандардот EN 15232 – Автоматизација на згради) дека 20% може да се заштедат со помош на системи за автоматско управување, што грубо одговара на 110 TWh. Вакви слични резултати се очекуваат и во другите земји. Мепринг Сервиси е компанија која со вградување на системи за автоматско управување во неколку општини и училишта во Р. Македонија допринесе до значителни заштеди на енергија за греење. Со секојдневната желба за напредок и воведување на иновации во работењето компанијата придонесува и се труди да се подигне свеста на сите стеикхолдери со кои соработува, како и на своите клиенти да размислуваат и делуваат енергетски ефикасно, и тоа да не биде тренд, туку дел од секојдневието.

23000

Клиенти

3500

Инсталирани производи

560

Завршени проекти

80

Партнери низ светот

Контакт информации

МЕПРИНГ СЕРВИСИ ДООЕЛ

Јуриј Гагарин 73б

1000, Скопје Р. Македонија

Phone: +389 2 30 90 701

Fax: +389 2 30 90 703

Email: mepserv@t.mk

Мепринг сервиси

Проектирање и изведба на системи за греење, ладење и климатизација Проектирање и изведба на BMS системи за автоматско управување (Building Management Systems) Дистрибуција и продажба на опрема Сервисирање и одржување на системи за греење, ладење, климатизација и BMS Паметни куќи Далечински надзор и управување Енергетски мониторинг Енергетска ефикасност Консултантски услуги.