Страницата се вчитува, ве молиме почекајте

 

 

Услови на користење

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови за користење.

Користењето на нашата страница и услугите на електронска продажба на Мепринг сервиси дооел, значи дека сте запознaени со нашите Услови за користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

1. Политика на приватност

Офицер за лични податоци: Бојана Ѓорговска Делидинкова, телефон: 071332043, e-mail: bojana@mepserv.mk

Последно променета на: 14.07.2021

Политиката на приватност ги содржи практиките за приватност на веб страницата www.mepringservisi.mk и објаснува како Мепринг сервиси дооел ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги како и испратените електронски пораки до нас. Со оваа политика се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Оваа политика на приватност не се однесува на личните податоци кои ги собираат другите веб страни до кои пристапувате преку нашата веб страница. Со пристапување и со користење на нашиот веб сајт/е-продавница се согласувате со сите услови дефинирани во оваа политика за приватност како и условите за користење на нашата веб страница. Доколку не се согласувате со условите од оваа политика тогаш напуштете ја оваа страница и не ја употребувајте.

Политиката за приватност ќе се менува повремено, согласно донесени нови законски регулативи или пак воведување на нови практики, производи, услуги или функционалности на оваа веб страница. Секогаш ќе можете да проверите кога е последно изменета политиката, во делот „Последно променета на“ кој се наоѓа на почетокот на оваа политика за приватност.

Прибирањето на личните податоци е во согласност со законските прописи за заштита на лични податоци.

  1. Видови на податоци кои ние ги собираме, нивно користење и споделување

Податоците кои ги собираме може да се класифицираат како лични податоци и не-лични податоци, а се собираат при интеракција со нашата веб страница, како на пример: пристапување и користење на нашата веб страница, отворање и одговарање на електронски пораки, контактирање со нашата корисничка поддршка, купување производи преку нашата веб страница и сл.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Личните податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник.

За да ја користите услугата за електронска продажба (нарачување на производи/услуги онлајн) на Мепринг сервиси дооел, Мепринг сервиси дооел прибира и обработува одредени Ваши лични податоци, а тоа се Вашето име и презиме, држава, адреса на живеење, град, поштенски број, e-mail адреса, телефонски број. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на НЛБ Банка. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. Овие информации ги давате во моментот на пласирање на Вашата нарачка на производ/услуга на нашата веб страница.

Во зависност од активноста некои од податоците се класифицирани како задолжителни, некои како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која тоа Ви го бара, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Мепринг сервиси дооел, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе ги користиме за да Ви обезбедиме производи и услуги, за да го подобриме работењето на веб страницата, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страница. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб страница да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка (со помош на нашите бизнис соработници- дистрибутери, испорачатели на пратки и сл.) и да ја наплатиме цената за продадените производи и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб страница, како и Мепринг сервиси дооел воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб страница, страните кои ги посетувате на нашата веб страница и времето што го поминувате на секоја страница, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страница, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” (за повеќе прочитај ја политиката за управување со колачиња)

Ние нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски мeил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци, ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.

Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.

Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на Мепринг сервиси дооел (www.klimi.net.mk) и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.

Мепринг сервиси дооел ќе ги користи собраните лични податоци исклучиво за целите за кои се дадени во согласност со важечките Законски прописи во Република Македонија. Можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

  1. Социјални мрежи

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

  1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

Мепринг сервиси не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на www.klimi.net.mk изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да вршите купувања на услуги и производи.

  1. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на АЗЛП.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Бојана Ѓорговска Делидинкова на следниов e-mail:  bojana@mepserv.mk и на телефонскиот број  071/332-043.

2. Процес на нарачка

Доколку сакате да направите нарачка на нашата веб страница го следите следниот процес на нарачка:

  1. Откако ќе го изберете производот кој сакате да го купите, ја впишувате количината и кликате на копчето “ВО КОШНИЧКА”. Имате дополнителна опција да одберете дали сакате во цената да се пресмета и монтажа на клима уредот каде имате избор од две опции: ДА – ако сакате да се пресмета монтажа и БЕЗ МОНТАЖА ако не сакате во крајната цена за плаќање да биде додадена монтажа.
  2. За да ја видите моменталната состојба на кошничката кликате на копчето „ВИДИ КОШНИЧКА“, ако сакате веднаш да пристапите кон плаќање на избраните производи кликате на копчето „КОН НАПЛАТА“
  3. На страницата за плаќање доколку сакате да искористите купон код при купувањето, потребно е да кликнете во полето „КЛИКНЕТЕ ТУКА ДА ГО ВНЕСЕТЕ КУПОНОТ“ и да го впишете купонот
  4. Процесот за нарачка/наплата продолжува со впишување на вашето ИМЕ, ПРЕЗИМЕ, ЗЕМЈА, АДРЕСА, ГРАД, ПОШТЕНСКИ БРОЈ, ТЕЛЕФОН, Е-МАИЛ АДРЕСА, можност за бирање на плаќање на рати со платежна картица Дајнерс, како и поле ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ каде можете со нас да споделите дополнителни информации и барања кои се однесуваат на нарачката.
  5. Потоа продолжувате со избор на платежна картичка која сакате да ја користите при плаќањето, каде имате можност да изберете помеѓу плаќање со Diners картичка или плаќање со останати картички. Доколку одберете плаќањето да го направите со Diners картичка, имате можност да изберете плаќање до 12 рати.
  6. Пред да се пристапи кон реализирање на плаќањето неопходно е да се прифатат ПРАВИЛА И УСЛОВИ  за користење на веб страницата.

По примање на нарачката и уплатата пристапуваме кон процесирање и испорака на нарачката.

3. Гаранции и одговорности

Мепринг сервиси дооел гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Македонија. Од друга страна, Мепринг сервиси дооел не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Македонија, тоа го правите свесни за последиците и по сопствена волја. Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, Мепринг сервиси дооел не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на Мепринг сервиси дооел. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. Мепринг сервиси дооел не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа, Мепринг сервиси дооел не одговара, ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страница кои водат до други страници, тоа го правите на сопствен ризик.

Мепринг сервиси дооел нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на оваа веб сраница. Сепак, Мепринг сервиси дооел има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Мепринг сервиси дооел не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашата веб страница, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија.

4. Услови на испорака

Испораката е бесплатна.

Испораката на купените производи е во рок од 1 до 3 дена, и се врши до секое населено место на територијата на Република Македонија, до влез на станбениот или деловниот објект (не подразбира качување на производот по скали и со лифт).

За време на празници и во недела не се врши испорака.

Пратките се секогаш соодветно спакувани за да не дојде до нивно оштетување при испораката. Купувачот е должен при прием на пратката да изврши проверка на видливи оштетувања и во случај пратката да има оштетувања, веднаш да го пријави тоа на лицето што ја доставува пратката.

Во случај кога е доставена оштетена пратка, Ве молиме веднаш да нѐ известите на бројот 02/3090-701 или на нашата електронска адреса sales@klimi.net.mk или најдоцна во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

5. Право на рекламација

5.1. Рекламација при прием на производот

Пратките се секогаш соодветно спакувани за да не дојде до нивно оштетување при испораката. Купувачот е должен при прием на пратката да изврши проверка на видливи оштетувања и во случај пратката да има оштетувања, веднаш да го пријави тоа на лицето што ја доставува пратката. Во овој случај купувачот не би требало да ја преземе пратката.

Во случај кога е доставена оштетена пратка, Ве молиме веднаш да нѐ известите на бројот 02/3090-701 или на нашата електронска адреса sales@klimi.net.mk или најдоцна во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

5.2. Рекламација на несоодветен производ

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во законски рок. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, пакување, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл. Во случај Мепринг сервиси дооел да нема ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да Ви биде заменет со ист или соодветен кога ќе има таков. Мепринг сервиси дооел се обврзува да ве извести дали има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето. Замена на производот со соодветен, е можна и:

– со доплата, во случај да соодветниот производ е поскап

– со поврат на средства, во случај да соодветниот производ е поефтин.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 02/3090-701 или на нашата електронска адреса sales@klimi.net.mk и тоа во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат преземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

5.3. Враќање на производот

Во случај на повлекување на нарачката од страна на корисникот по уредна достава на производот (откажување на производот), Мепринг сервиси дооел, откако ќе добие усно известување од купувачот на телефонот 02/3090-701 и задолжително писмено известување од купувачот на електронската адреса sales@klimi.net.mk и откако ќе изврши квалитативен и квантитативен преглед на производите кои се враќаат (истите треба да се неотворени, амбалажно неоштетени, ниту со намалени квалитативни својства по ниедна основа), ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на банката плус трошоците за достава на производот и други трошоци кои евентуално можат да произлезат во секој конкретен случај. Во ваков случај трошоците за враќањето на производот (доставата на производот назад кај Мепринг сервиси) ги подмирува купувачот.

Купувачот е должен да го врати производот без одлагање, најдоцна во рок од 15 дена од денот на писменото известување за повлекување на нарачката (откажување на производот). По истекот на рокот од 15 дена од денот на откажување, производот не може да се врати.

6. Гаранција на производите

Нарачаните производи се испорачуваат со уредно заверен гарантен лист. Доколку во текот на гарантниот период се утврдат фабрички недостатоци на производот, можете да извршите рекламација на производот со приложување на валиден гарантен лист со сериски броеви и заверен со печат и потпис од Мепринг сервиси дооел. При рекламација на производот важат условите во гарантниот лист.

Гаранцијата на производите важи само ако монтажата на производите е извршена од страна на овластени, односно одобрени монтажери од страна на Мепринг сервиси дооел.

7. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

Мепринг сервиси дооел го задржува правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени, а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Македонија.

8. Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на веб страницата на Мепринг сервиси дооел (klimi.net.mk) и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Мепринг сервиси дооел ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

9. Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички

Мепринг сервиси дооел ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Мепринг сервиси дооел не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

10. Политика за заштита на доверливите податоци и информации

Мепринг сервиси дооел ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Мепринг сервиси дооел за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

11. Политика и услови на доставување на производ и услуга

Оваа Политика се однесува на испорака на производи нарачани по електронски пат.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа веб страница.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или по профактура на трансакциска сметка.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски, по електронска пошта или да поставите прашање во делот за контакт.

12. Политика на поврат на средства по трансакција

12.1 Политика на поврат на средства по трансакција со платежни картички

Мепринг сервиси дооел ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. При тоа вратениот износ ќе биде намален за износот на провизијата од електронската трансакција според правилникот на НЛБ банка АД Скопје.

12.2 Политика на поврат на средства по трансакција по профактура (вирмански)

Мепринг сервиси дооел ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. При тоа вратениот износ ќе биде намален за износот на провизијата од електронската трансакција според правилникот на банката.

13. Авторски права

Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на Мепринг сервиси дооел Скопје и секоја употреба на истите се казнува со Закон.

14. Ограничување од одговорност

Мепринг сервиси дооел Скопје овозможува највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати.

Мепринг сервиси дооел Скопје не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница.

15. Цени

Цените на производите се изразени во денари со влкучен ДДВ. Во цената на производот е вклучена доставата, согласно Условите на испорака. Дадените цени на производите важат само за испорака на производот и не ја вклучуваат неговата монтажа.

16. Електронска комуникација

Кога ja користите „КОНТАКТ“ опцијата на веб страницата или испраќате електронски (е-маил) пораки до Мепринг сервиси, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. При пополнување на контакт формата, потребно е да ги внесете следните податоци: име, е-mail адреса, предмет и порака. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја впишале во контакт формата или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

Контактирајте нè веднаш

Контактирајте нè веднаш

Контакт информации

+389 2 30 90 701
contact@mepserv.mk
Никола Парапунов бр. 3А/26, локал 2, 1000 Скопје, Р.С. Македонија

Контакт телефон

+389 2 30 90 701